Македонската универзитетска карате репрезентација ги привршува последните подготовки пред настапот на Светското универзитетско првенство во карате, кое од 8 до 13 јуни ќе се одржи во Бразилија, во организација на FISU. На шампионатот се очекува учество на околу 1.500 студенти-спортисти од повеќе од 40 земји, што го прави еден од најсилните универзитетски спортски настани во светот.
Бошко Заборски изјави :- Нашите каратисти во изминатиот период работеа интензивно на техничко-тактичка подготовка, физичка кондиција и психолошка стабилност, со цел достојно да ги претстават македонските универзитети и државата на највисокото светско студентско ниво. Атмосферата во репрезентацијата е одлична, а спортистите покажуваат висока мотивираност и подготвеност за предизвиците што ги носи светската конкуренција. Настапот во Бразилија претставува можност за афирмација на македонското универзитетско карате и стекнување драгоцено меѓународно искуство.
Очекувањата се македонските претставници да настапат борбено, дисциплинирано и со максимално залагање на татамито, следејќи ги највисоките стандарди на светското карате. Спортистите имаат одлично расположение и покажуваат добра спортска форма за настап на најелитниот натпревар за оваа година. Светското универзитетско првенство се одржува на секој две години. Натпреварите ќе се одвиваат според правилата на World Karate Federation, а конкуренцијата ќе биде составена од најдобрите студентски каратисти од сите континенти.

На подготовките присуствуваат следните спортисти.
Рудина Алиу -55 кг Универзитет Мајка Тереза – Скопје
Јована Мицовска -61 кг Универзитет Св Кирил и Методија
Викторија Јовановска -61 кг Универзитет Факултет за Туризам – Скопје
Греса Мустафиу +68 Универзитет Мајка Тереза – Скопје
Вукашин Јованович -67 кг Универзитет Св Кирил и Методија
Љупче Михаилов -75 кг Универзитет Гоце Делчев – Штип
Божович Данило -84 кг Универзитет Св Кирил и Методија
Стефан Стојанович +84 кг Универзитет за Туризам – Скопје
Витомир Трајковски екипа Универзитет Св Кирил и Методијa
Реџеп Рушити -84 кг Универзитет Мајка Тереза – Скопје
Бошко Заборски Селектор на Македонската репрезентација
Иван Тиосавлевич Кондициски Тренер
Петар Заборски Тренер на Македонската репрезентација
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
