Заза дојде на позајмица во Валенсија

Симоне Заза вториот дел од оваа натпреварувачка сезона ќе го мине во дресот на Валенсија, откако шпанскиот клуб конечно успешно ги финишираше преговорите со Јувентус што траеја повеќе од еден месец.

Заза минатото лето го напушти Јувентус и замина на позајмица во Вест хем, но воопшто не се снајде во Премиер-лигата. Откако на 11 натпревари не постигна ниту еден гол тој самиот инистираше да си замине, Славен Билиќ му го дозволи тоа, по што неговиот агент почна да разговара со заинтересираните клубови.

Иако се најавуваше камбек во Италија, на крајот Заза сепак се пресели во редовите на Валенсија, каде се очекува да биде значаен адут во обидите на „лилјаците“ да изборат опстанок во елитното шпанско фудбалско друштво. Двата клуба се договорија Валенсија да плати два милиони евра за шестмесечна позајмица на фудбалерот, па потоа и дополнителни 18 милиони доколку клубот обезбеди опстанок во елитата, или доколку Заза одигра најмалку 10 средби за Валенсија до крајот на сезонава.

Се вчитува...