Збогум Арсенал – Илиев се врати назад во Словачка

Македонскиот голман Дејан Илиев повторно го напушти Арсенал, откако денеска беше комплетиран договорот за негова позајмица во редовите на Серед.

Станува збор за клуб од Словачка во кој Илиев настапуваше како позајмен играч во сезоната 2019/20, а добри игри во тој период придонесоа Серед повторно да го побара Македонецот од Арсенал. „Топчиите“ не сметаат сериозно на 26-годишниот чувар на мрежата, кој има договор до јуни 2022 година, па на крајот од оваа сезона ќе си замине од редовите на лондонскиот клуб.

„Дејан Илиев му се приклучи на тимот на Серед, на позајмица за наредната сезона. Македонскиот репрезентативец, кој дојде од редовите на Беласица во 2012 година, се развиваше низ нашата академија и имаше значајна улога во титулата на младинската екипа во сезоната 2017/2018“, објави Арсенал на официјалната веб-страница.

Се вчитува...