Макаби обезбеди топ-засилување за наредната сезона откако израелскиот гигант денеска го официјализираше едногодишниот договор со Доминик Тајс, одличниот центар на германската репрезентација кој лани ги бранеше боите на Монако.
Тајс поради финансиските проблеми на „кнезовите“ го напушти овој клуб и потпиша за Асвел, но и новиот клуб се соочи со идентични проблеми, па искусниот центар беше принуден повторно да бара нова средина. Понуди имаше колку сака, но на крајот Тајс избра да настапува за Макаби, за плата од над два милиони евра за наредната сезона.
„Даниел Тајс ќе донесе драгоцено искуство во нашата екипа. Има играно на сите највисоки нивоа, во НБА, во Евролигата, го има освоено светското првенство и евробаскетот со Германија. Знае што значи да се биде дел од победнички тим и веруваме дека ќе ни биде од огромна помош“, изјави тренерот на Макаби, Одед Каташ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
