Збогум, Барса – Левандовски донесе одлука…

Роберт Левандовски и дефинитивно ќе ја напушти Барселона на крајот од сезонава, откако полскиот голгетер ја одбил последната понуда за продолжување на соработката со каталонскиот гигант.

Барса му понуди едногодишен договор, но со намалување на платата за повеќе од 50% и најава за значително намалување на минутажата бидејќи се планира ангажман на нов врвен голгетер. Полјакот смета дека може да одигра уште најмалку една сезона на највисоко ниво, па се заблагодарил на понудата, јасно ставајќи до знаење дека летово ќе се пресели како слободен играч во нов клуб.

Во тој правец се и најавите на италијанските медиуми дека агентот на Левандовски викендов ќе допатува на Апенинскиот полуостров, каде ќе има одделни разговори со челниците на Јувентус и на Милан. Двата италијански гиганти не ја кријат желбата да го доведат големиот ас, подготвени се да му гарантираат и првотимска улога, но останува да се види дали ќе успеат да ги договорат финансиските услови за да го убедат Левандовски да се пресели во Калчо-лигата и токму таму да ја заврши кариерата.

Се вчитува...