Збогум МЗТ: Бојиќ потпиша за Волунтари

Егзодусот на странските кошаркари од таборот на МЗТ Скопје продолжува, откако по Џејмс Вудард и Иве Иванов, денеска од редовите на македонскиот првак си замина и Андрија Бојиќ. Српскиот центар реши кариерата да ја продолжи во редовите на Волунтари во шампионатот на Романија. За Бојиќ овој трансфер е враќање во романското првенство, каде претходно го носеше дресот на Политехника.

Тој мина една и пол сезона во дресот на МЗТ Скопје, но поради незгодна повреда ги пропушти клучните месеци од ланскиот шампионат. Откако стана јасно дека не може да најде заеднички јазик со „металците“ за да ја продолжи соработката, тој од неколкуте понуди ја избра токму онаа на Волунтари.

Од четворицата странци кои лани настапуваа за МЗТ остана само Медфорд, но лесно може да се случи и американскиот плејмејкер да си замине од таборот на аеродромци.

Се вчитува...