ПСЖ успеа да се ослободи од уште еден фудбалер на кого тренерот Галтие не сметаше откако постигнат договор за предвремен раскин на соработката со Андер Ерера. Тој имаше уште две години од актуелниот договор со „светците“, но ја прифати понудата за еднократна исплата за помала сума од онаа што би ја заработил во овој период, за да добие раскин и како слободен играч да го избере својот нов клуб.
Шпанскиот ветеран пристигна како слободен фудбалер од Манчестер Јунајтед, кратко време беше првотимец меѓу „светците“, но како што одминуваше времето така се намалуваше и неговата минутажа во тимот.
Според шпанските медиуми, нема дилема дека 33-годишниот Ерера сега како слободен играч ќе се врати назад во Атлетик Билбао, клубот за кого со успех настапуваше од 2011 до 2014 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА