Збогум за Ди Франческо: Рома почна преговори со Конте!

Челниците на Рома немаат повеќе трпение со актуелниот стратег Ди Франческо кој сезонава никако не успева да ги склопи коцките на тимот.

Според пишувањето на италијанките медиуми, претседателот и мнозински сопственик на клубот, Џејмс Палота им дал инструкции на менаџерите во спортскиот дел од клубот да почнат преговори околу условите на договор со Антонио Конте кој е без ангажман по отказот во Челси.

Поранешниот селектор на Италија се поврзуваше и со Милан, но сега Рома се издвојува како негова идна можна дестинација. Според првичните информации, Конте сака дополнително време да размисли за понудата од Рома, со оглед на тоа што како негова опција се и ПСЖ и Манчестер јунајтед.

Се вчитува...