Збогување со титулата: Билбао ја запре победничката еуфорија на Севилја

Атлетик Билбао ја згасна надежта на Севилја за освојување на титулата во Примера, откако баскијскиот клуб вечерва обезбеди голема победа на гости во од 34. коло.

Севилја го започна натпреварот против Атлетик Билбао во целосна доминација, успевајќи во првото полувреме да ја има топката под целосна контрола и остварија низа на шанси, но без реализација за гол.

Во вториот дел домаќините продолжија во ист ритам, поседот на топка им припадна во целост, направија низа на шанси и упатија голем број на шутеви кон голот на Атлетик Билбао, но без успешно. Големиот број на промашувања го зеде и данокот на домаќините, па непишаното фудбалско правило повторно се активираше, откако во 90.минута Инаки Вилијамс постигна гол и обезбеди победа на Атлетик Билбао.

Севилја со овој пораз остана на четвртата позиција со 70 освоени. Билбао сега има 45 бода и се искачи на осмото место во Примера.

 

Се вчитува...