Здрахала: Ќе ја победиме Македонија, немаме друг избор

ЕКИПА во Виена,

Стеван Цаневски

Најдобриот стрелец од последното Европско Првенство, Ондреј Здрахала, е убеден дека Чешка ќе слави во утрешниот дуел против селекцијата на Австрија. Чесите во првото коло загубија од Австрија, па не смеат да си дозволат нов неуспех бидејќи пораз од Македонија ќе значи и губење на сите шанси за пласман во следната рунда.

„Системот на натпреварување сега е поинаков, пласман понатаму обезбедуваат само по две селекции по групата. Јас се уште сум убеден дека ќе се најдеме во втората фаза, но и дека може да се случи да се направи круг со кој ќе пренесеме два бода во следната рунда. Ќе ја победиме Македонија, немаме друг избор, очекувам многу подобро издание отколку со Австрија, особено со помладите, кои беа премногу нервозни на отворањето од шампионатот“, изјави Здрахала.

Дуелот меѓу Македонија и Австрија се игра утре со почеток во 16 часот.

Се вчитува...