Здравствениот билтен е одличен, Милевски веќе го знае почетниот тим, но…

ЕКИПА во Порто, Португалија

Владимир Булатовиќ

Македонскиот селектор нагласи дека здравствениот билтен во македонската репрезентација пред утрешниот историски натпревар на Македонија со Португалија на „Драгао“ е максимално поволен.

Адеми ќе биде подготвен за игра, а како што е познато, во комбинација се враќаат и Елиф Елмас и Тихомир Костадинов. Познат е почетниот тим за утрешниот натпревар, но секако селекторот Милевски не сака да го открива.

„Здравствениот билтен е максимално поволен. Немаме никакви проблеми со повредите, па според тоа ги знаеме и почетните 11 за утрешниот натпревар, но секако стартниот тим ќе го видиме утре“ – истакна Милевски, и дополни:

„Сигурен сум дека не очекува сосема поразличен натпревар од оној против Италија. Најважно е да го реализираме тоа што ќе се договориме, да се почитува секој момент од подготовките, a потоа на терен ќе се види кој за што бил подготвен и дали ќе одлучи на крај колективот или индивидуалните квалитети“.

Милевски нагласи дека Португалија е фаворит, но Македонија знае зошто е тука и верува дека може до ново изненадување.

„Португалија, и според тимот и според рејтингот, секако е фаворит. Ние сме приземни, стоиме цврсто на нозе, но многу добро знаеме дека заслужено сме тука и знаеме зошто сме дојдени во Порто“ – вели Милевски.

Се вчитува...