Сериозен удар врз канадската економија ќе биде претрпен за време на трката од Формула 1 следниот викенд во Монтреал.
Група стрипери најавија штрајк за време на натпреварувањето. Здружението „Независен комитет за сексуална работа“ објави дека нема да работи во сабота, 23 мај, кога на програмата се квалификациите и спринт трката.
Овој датум не е избран случајно, бидејќи ова е време од годината кога Монтреал има најмногу луѓе, а клубовите каде што дамите сакаат да уживаат во заводливите движења на мускулести голи или полуголи мажи се полни.
„Гран при е најдобро време за штрајк. Причината е што речиси целата добивка оди кај сопствениците на баровите, додека ние речиси ништо не добиваме. Мораме да обрнеме внимание на нашите права“, се вели во соопштението на здружението.
Минатата година, 352.000 луѓе присуствуваа на Гран при на Канада во Монтреал во текот на три дена. Трката во 2025 година ја освои возачот на Мерцедес, Џорџ Расел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
