Македонската кошаркарска репрезентација ја издвои и втората победа во претквалификациите за Евробаскетот 2027 триумфирајќи на гостински терен во Даблин против Ирска по голем пресврт.
Македонија не беше на ниво во воведот во средбата, но двоцифрената негатива на крајот на средбата беше претворена во двоцифрена победа.
„На почетокот, мечот не беше на наша страна заради цврста игра на ривалот. Но брзо се адаптиравме и дадовме одговор. На крајот од втората четвртина поведовме, а потоа продолживме по тој пат.
Третиот период имаше добар „проток на топка“, добра одбрана, лесни поени во напад и потоа успеавме да ја изградиме разликата која ни ја донесе победата.
Со овие две победи 90% си завршивме работа, но не значи дека ќе се опуштиме. Ќе работиме да ги добиеме и тие дуели, кои на хартија можеби се полесни“, вели Лејсон Зеќири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

