„Зелениот предизвик“ на Копенхаген пред Евро 2020

Копенхаген летово ќе биде еден од дванаесетте градови домаќини на Европското првенство во фудбал, а во најголемиот дански град се подготвуваат за посебен вид на предизвик. Копенхаген планира до 2025 година во потполност да го неутрализира производството на јаглерод диоксид, а домаќинството на еден од најголемите спортски настани се покажува како еден од поголемите предизвици. Секако, домаќинство на еден од најголемите настани во 2020 година значи и голем број на посетители на кои ќе им биде потребно сместување, храна и превоз, а градоначалникот на Копенхаген вели дека секоја личност која ќе влезе во нивниот град ќе мора да остави отпечаток од јаглерод диоксид.

„Секогаш е парадокс кога поканувате луѓе во вашиот град, бидејќи тоа има влијание на производството на јаглерод диоксид. Сега се фокусираме на тоа да во текот на Европското првенство да најдеме начин сето тоа да го сведеме на минимум“, изјави градоначалникот на Копенхаген, Франк Јенсен. 

Копенхаген во 2014 беше прогласен за „Зелена престолнина на Европа“, а продолжува со напорите да се што е во врска со Европското првенство да биде што повеќе подредено на зачувување на околината.

Се вчитува...