Зелено светло од Ливерпул: Џонс летна за потпис за Интер

Куртис Џонс во следните 24 часа ќе го комплетира трансферот во Интер откако италијанскиот првак конечно доби зелено светло од Ливерпул за потпис на поранешниот младински репрезентативец на Англија.

Џонс беше голема желба на „нероаѕурите“ уште од стартот на летово, но преговорите траеја бавно почнувајќи со првата понуда од 20 милиони евра, иако Ливерпул инсистираше на двојно повисока сума. Интер на крајот се согласи да плати 35 милиони (30 загарантирани плус пет преку клаузули), додаде на тоа и 10% од следниот трансфер на Куртис, по што Џонс доби зелено светло од Ливерпул да допатува на Апенинскиот полуостров.

Личните детали на петгодишниот договор се веќе средени, па Куртис Џонс веднаш по минувањето на лекарските прегледи и официјално ќе го потпише договорот и ќе му се стави на располагање на тренерот Киву.

Џонс е вториот англиски фудбалер што Интер го ангажира во последната седмица откако претходно беше потпишан договор и со бекот на Тотенхем, Џед Спенс.

Се вчитува...