„Земјотрес“ во Дортмунд: Со Халанд си заминуваат уште неколку фудбалери на Борусија

Ерлинг Халанд со сигурност ќе ја напушти Борусија Дортмунд во претстојното лето. За него се заинтересирани најголемите светски клубови и нема шанси Борусија да го задржи во своите редови, иако обезбеди откупна клаузула кога го доведе Норвежанецот од Салцбург.

Сепак, како што пренесува „Спорт1“, тој не е единствениот кој ќе го напушти клубот на лето. Оваа сезона не е добра за „милионерите“, фудбалерите на Марк Роуз испаднаа од Лигата на шампионите и Купот на Германија. Иако клубот е втор во лигата, Баерн е апсолутен фаворит во борбата за титулата.

Покрај Ерлинг Халанд, кого сите го посакуваат, од Дортмунд најверојатно ќе се збогуваат уште четворица играчи. На трансфер листата се Торган Азар, Џулијан Брант и Нико Шулц. Никој од нив не ги исполни очекувањата на клубот и од јуни може да бараат нов ангажман. Последен играч кој ќе се прости од Борусија е Аксел Витсел. Белгиецот веќе им кажал на клупските власти дека нема да го продолжи договорот и во јуни ќе замине како слободен играч.

Клубот веќе бара нови играчи, а еден од нив би требало да биде Карим Адејеми од Салцбург. Раководството е речиси сигурно дека ќе го реализира неговиот трансфер на лето, трансфер кој како што пишуваат Германците треба да биде најава за нова ера на Борусија Дортмунд.

Се вчитува...