Секој преоден рок се зборува за враќање на Лионел Меси на „Ноу Камп“ откако ја напушти Барселона. Така ќе биде и во летниот, кога би можело да се случи голем „кам-бек“ на Аргентинецот.
Меси мина долги години во Барселона, стана и капитен, освои се што можеше да се освои, но во 2021 година поради неможноста Барселона да го регистрира, се реши да го пушти да замине во ПСЖ.
Неговиот договор истекува на крајот од сезоната, а сега се погласни се шпекулациите за негово враќање во клубот каде го мина поголемиот дел од кариерата. Меси наводно веќе бил во Барселона и имал состанок со претседателот Лапорта. Тоа се случуло пред неколку дена. Темата на разговор била враќањето на Меси, како и цифрата која Барселона треба да му ја исплати, но и за речениците кои неговиот брат Матијас ги испрати кон каталонскиот клуб.
Меси во Барса играше од 2004 до 2021 година, и постигна 474 гола во 520 натпревари.
MAIA MAIA 🔥🔥🔥 https://t.co/ZAFv1HQkjM
— Gerard Romero (@gerardromero) February 21, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА