Земјотрес во Мајами: Меси промовиран во Интер (ВИДЕО)

Лионел Меси и официјално е промовиран како нов играч на Интер Мајами. Клубот објави видео со Аргентинецот, со што и дефинитивно еден од најдобрите играчи на сите времиња ќе игра во овој тим.

Трансферот на Меси беше договорен од претходно, се чекаше само официјализација. Аргентинецот се реши за овој клуб, и покрај тоа што имаше понуди да се врати во Барселона, или да замине во Саудиска Арабија. Меси доаѓа во Интер како слободен агент, откако му истече договорот со ПСЖ.

Навивачите на овој тим се во транс и со нетрпение го чекаат неговото деби за новиот тим.

Се вчитува...