Бомба од Германија: Јирген Клоп се враќа дома!

Јирген Клоп следната година би можел да се врати во Борусија Дортмунд. Деветгодишниот мандат на Клоп на „Енфилд“ е при крај и од првиот ден кога ја објави веста, се шпекулира за тоа кој следен предизвик би можел да го преземе.

Како што пишува „Индепендент“ постои можност Клоп да се врати на „Вестфален“. Договорот на Един Терзиќ со Дортмунд истекува во 2025 година, но „Индипендент“ го споменува враќањето на Клоп во Борусија, но во улога на спортски директор наместо тренер.

Клоп ги предводеше „Милионерите“ до две последователни титули во германскиот шампионат, трофеј од Купот и финале во Лигата на шампионите. И сето тоа се успеси кои не се повторени од неговото заминување, иако минатата сезона Борусија ја загуби титулата буквално во последното коло.

Клоп во соопштението дека се повлекува од менаџерската функција на Ливерпул истакна дека размислува дури и за пензија, а која всушност ќе биде неговата конечна одлука останува да видиме.

Се вчитува...