„Земјотрес“ во Сплит: Никола Калиниќ се врати во Хајдук

Сплитски Хајдук утрово објави дека напаѓачот Никола Калиниќ се врати во тимот, после 12 години интернационална кариера. Последен клуб на Калиниќ му беше Верона, а во минатото играше за Днипро, Фиорентина, Милан, Рома и Атлетико Мадрид.

Калиниќ потекнува од фудбалската школа на Хајдук, стигна и до сениорскиот тим, па на 22-годишна возраст замина во странство. Во 2007/2009 за Хајдук постигна 17 голови, а во 2008/2009 15 пати. Во 2009 замина од „Пољуд“ во Блекбурн, а потоа играше и во Украина и во Италија и Шпанија.

„Посебен момент за мене е враќањето во Хајдук. Потпишував договори со многу врвни клубови, играв за нив, но сите кои пораснавме со Хајдук, знаеме дека за него сме емотивно врзани. Ова е местото каде што пораснав, каде што ја стекнав фудбалската афирмација. Ќе дадам се од себе заедно да ги израдуваме сите кои дишат за овој клуб и што повеќе да го задржиме овој момент и емоциите кои владеат во клубот“, изјави Калиниќ.

Навивачите на Хајдук од утринава „екслодираа“ на социјалните мрежи, од задоволство што нивниот тим успеа да го врати искусниот голгетер, кој играше и за националниот тим на Хрватска.

Се вчитува...