Зенхаурсен најдобар во Крањска Гора, Хиршер ја осигура титулата во Светскиот куп

Рамон Зенхаурсен е победник на слаломската трка која утрово се одржа во словенечка Крањска Гора. Иако по првата трка беше дури на 7. место, Швајцарецот со одлично возење во втората слаломска трка стигна до победата со вкупно време од 1:39.54 стотинки, што беше за една секунда и 15 стотинки подобро од Норвежанецот Хенрик Кристоферсен. Подиумот го надополни Марсел Хиршер од Австрија.

Со освојувањето на третото место Австриецот Хиршер осми пат по ред го осигура големиот кристален глобус во Светскиот куп, а по шести пат се радува и на малиот кристален глобус во најтехничката дисциплина.

Се вчитува...