Жанко Савов е именуван за нов тренер на Осогово

Едно од најславните имиња на Вардар и македонскиот фудбал, Жанко Савов е именуван за нов тренер на второлигашот Осогово.

Тимот од Кочани денеска и официјално го промовираше Савов како нов шеф на стручниот штаб во желбата од следната сезона Осогово повторно да се врати на старите патеки во македонскиот фудбал.

„По разговорот со луѓето во ГФК Осогово се решив да ја прифатам понудата. Ова раководство на клубот има добра визија со која сака Осогово да го врати на старите патеки и мислам дека се на добар пат“ – вели новиот тренер на Осогово.

Жанко Савов, како фудбалер, е трикратен освојувач на титулата на Македонија со Вардар. Со „црвено-црните“ во два наврати го освои и Купот на Македонија кој го освоил и со тимот на Цементарница. Покрај за Вардар и Цементарница, во Македонија има настапувано и за Беласица и Пелистер. На интернационална сцена настапуваше во Јужна Кореја како и за Раднички Ниш од Србија.

Во досегашната тренерска биографија на Жанко Савов се запишани Цементарница, Маџари Солидарност, Борец, Тетекс, Македонија ЃП и Победа Валандово каде што беше кратко на почетокот од изминатава сезонава.

Се вчитува...