Жардим: Мбапе е чудо на природата

Младиот напаѓач на Монако, Килијан Мбапе, блесна на „Сигнал Идуна парк“, постигнувајќи два гола за својот тим во триумфот (2-3) над Борусија Дортмунд. Уште еднаш покажа дека се работи за неверојатен талент, а неговиот тренер Леонардо Жардим вели дека тој е чудо на природата.

„Среќни сме што го имаме Мбапе во нашиот тим. Тој е неверојатно талентиран, и што е најважно, сака да учи на секој нареден тренинг и натпревар. Тој е чудо на природата, со одлични предиспозиции, а сето тоа го надополнува и со многу труд. Мислам дека има уште многу да се развива и дека може да стане еден од најдобрите фудбалери во светот“, изјави Жардим.

Монако е на добар пат да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите, а се наоѓа на водечкото место и во францускиот шампионат.

Се вчитува...