Жарко Пешевски: Го оставивме срцето на терен и победивме

Жарко Пешевски беше еден од клучните играчи на Металург во победата над Чеховски медведи во последниот натпревар сезонава во Лигата на шампионите. Пикерот на Металург постигна четири гола и во текот на целиот натпревар водеше беспоштедна борба на линијата од шест метри. По триумфот истакна дека целиот тим во овој дуел влегол со посебен мотив

По победата во СЕХА против Загреб се обидовме да останавме на земја, Цела недела се договаравме како со мирни глави да излеземе и да го добиеме мечот. Ако не победевме денеска ќе бевме последни и ќе немаше никаков напредок во однос на лани. Дадовме се од себе, како и секогаш имавме огромна поддршка од нашата публика, ги оставивме срцата на терен и победивме“ – изјави Жарко Пешевски.

Се вчитува...