Жарко Пешевски останува во Металург уште две сезони

Пикерот на македонската репрезентација, Жарко Пешевски (26), останува во редовите на Металург. Пешевски со тимот од Автокоманда се договори за продолжување на соработката и во наредните две сезони.

Македонскиот репрезентативен пикер имаше неколку опции кариерата да ја продолжи во странство. За него беше заинтересиран турскиот шампион Бешикташ кој исто така му нудеше двегодишен договор, а интерес имаше и од романскиот клуб Одорхеи. Но, Пешевски на крај, сепак, одбра да остане во Металург за кој настапува во изминатите седум сезони.

Македонскиот вицешампион и следната сезона ќе игра во регионалната СЕХА лига, а доколку ЕХФ го прифати барањето за вајлд-карта, „металурзи“ и догодина ќе бидат дел од Лигата на шампионите.

Се вчитува...