Жарко Ристоски селектор на Саудиска Арабија

Поранешниот селектор на македонската одбојкарска репрезентација, Жарко Ристоски, кариерата ја продолжува на кормилото на Саудиска Арабија. Тој доби понуда да замине на Далечниот Исток и го прифати предизвикот.

Ристоски претходно во својата кариера беше на печалба во тимот на Шоненберг, потоа следеа ангажмани и во Неа Саламина на Кипар и во Либан, а сега повторно ќе се нафати на селекторски предизвик.

Се вчитува...