ЖДРЕБ КУП НА МАКЕДОНИЈА: Вардар со Мулти Есенс, Еурофарм Пелистер со Текстилец, Алкалоид против Астраион

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија денеска се одржа ждребот за првото коло од новото издание на Купот на Македонија. Ждрепката беше полудиригирана, па затоа во првата рунда меѓусебе ќе играат суперлигашите против прволигашите.

Освојувачот на Куп трофејот од минатата сезона Вардар стартува против Мулти Есенс, додека Еурофарм Пелистер ќе се соочи со Текстилец. РК Алкалоид ќе игра против Астраион, додека Бутел ќе се сретне со Јехона.

Натпреварите ќе се одиграат на 10/11 декември.

Куп на Македонија 1. коло:

Вардар Неготино – Партизан Гевгелија

Тиквеш – Кичево

Јуниор КВ – Драчево

Алкалоид – Астраион

Голден Арт – Овче Поле

Аеродром – Пролет

Младост Богданци – Охрид

Скопје – Бисинов

Радовиш – Преспа

Вардар – Мулти Есенс

Еурофарм Пелистер – Текстилец

Јехона – Бутел Скопје

Струга – Македонија Ѓорче Петров

Еурофарм Пелистер 2 – Шампион

Куманово – Голден Арт 2

Прилеп – Металург РА

Се вчитува...