ЖДРЕБ ЛШ: Ливерпул ќе бара одмазда против „кралот“, ПСЖ со Баерн, премија за Елмас и Наполи

Фудбалерите на Ливерпул ќе бараат одмазда против Реал Мадрид за поразот минатата сезона во финалето од Лигата на шампионите, одлучи денешната ждрепка за осминафналните парови во елитното натпреварување.

Супер пресметка од осминафиналето ќе биде таа меѓу Пари Сен Жермен и Баерн Минхен кое е реприза на финалето од 2020 година.

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елјиф Елмас и неговиот Наполи добро поминаа на ждрепката откако во осминафиналето за противник го добија бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт.

Интересно се очекува и да биде на мечот меѓу Милан и Тотенхем.

Првите натпревари од осминафиналната фаза ќе се играат на 13. и 14. односно 21. и 22. февруари, додека реваншите се закажани за 7. и 8. односно 14. и 15. март следната година.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/8 ФИНАЛЕ: 

ЛАЈПЦИГ – МАНЧЕСТЕР СИТИ

КЛУБ БРИЖ – БЕНФИКА 

ЛИВЕРПУЛ – РЕАЛ МАДРИД 

МИЛАН – ТОТЕНХЕМ 

АЈНТРАХТ Ф. – НАПОЛИ

БОРУСИЈА Д. – ЧЕЛСИ 

ИНТЕР – ПОРТО 

ПСЖ – БАЕРН М. 

Се вчитува...