ЖДРЕПКА КУП 1/4 ФИНАЛЕ: Шкупи ја чека Шкендија на Чаир, Силекс го доби Вардар

Денеска беше одржана ждрепката за 1/4 финалето во Купот на Македонија. Најинтересен натпревар ќе биде на „Чаир“ каде што Шкупи ќе игра против Шкендија, двата тима кои се борат за висок пласман сезонава.

Вардар гостува во Кратово, а освојувачот Македонија ЃП на свој терен го пречекува составот на Академија Пандев. Лидерот во Првата лига, Струга ТЛ игра против Брегалница на свој терен.

Натпреварите се предвидени да се играат на 9. ноември во 13 часот.

КУП 1/4 ФИНАЛЕ, ДВОЈКИ:

СИЛЕКС – ВАРДАР
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
МАКЕДОНИЈА ЃП – АК.ПАНДЕВ
СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА

Се вчитува...