Ждрепка за Куп 1/2 финале: Шкупи против Тиквеш, Воска ја доби Македонија ЃП

Денеска беше извршена ждрепката за 1/2 финалето во Купот на Македонија.

Тимот на Шкупи го доби Тиквеш за противник, додека Воска Спорт ќе игра против освојувачот на трофејот Македонија ЃП.

Првиот натпревар се игра на 3. април, додека реваншот е две недели подоцна. Во првите мечеви, Шкупи и Воска ќе бидат домаќини.

Финалето е закажано за 22. мај во 19:00 часот.

Се вчитува...