Ждрепка за Лига Европа: Ајакс во најтешката група, лесна задача за Ливерпул

Ливерпул  не би требало да има многу проблеми да ја мине групната фаза од Лигата на Европа откако англискиот гигант беше извлечен во групата Е и против себе ќе ги има екипите на ЛАСК од Австрија, Унион од Белгија и Тулуз од Франција.

Најсилна барем на хартија изгледа групата Б каде носител е Ајакс, но ослабениот холандски гигант нема да има нималку лесна задача ако се знае дека за ривали ги доби Брајтон од Англија, АЕК од Грција и францускиот прволигаш Олимпик Марсеј.

Рома, која минатата сезона стигна до финалето во Лигата на Европа, сега во групната фаза ќе се сретне со Славија Прага, Шериф и Сервет, додека српскиот вицепрвак ТСЦ со Мартин Мирчевски во тимот ќе игра против Вест Хем, Олимпијакос и Фрајбург.

Се вчитува...