Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија завршена е ждрепката за новата сезона 2021/22 во Првата македонска фудбалска лига. Познат е распоредот на натпреварите за сезоната во која Шкендија ќе ја брани титулата.
Тетовци во одбрана на трофејот почнуваат од Кавадарци на гости против новиот прволигаш Тиквеш. И најголемиот ривал на Шкендија за трофејот, екипата на Шкупи почнува на гостински терен, и повторно против нов прволигаш – екипата на Брегалница во Штип.
Работнички стартува на домашен терен против Борец, а Академија Пандев ќе ја пречека Струга Трим Лум во првото натпреварувачко коло.
ПРВА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА – 1. КОЛО (7/8. август)
Ак. Пандев – Струга ТЛ
Работнички – Борец
Тиквеш – Шкендија
Ренова – Скопје
Брегалница – Шкупи
Македонија ЃП – Пелистер
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА