Жегрова со еврогол донесе триумф на Јуве над Челси

Јувентус излезе како победник од контролата против Челси успевајќи да триумфира со 1-0 со погодокот што во второто полувреме го постигна Жегрова.

Јасно е дека Чаби Алонсо ќе има полни раце работа да го воигра Челси, „сините“ повторно беа под посакуваното ниво мачејќи се да искреираат.

На спротивната страна, Јувентус трпеливо ја чекаше својата шанса и успеа да поведе со евроголот на Жегрова, кој од дваесетина метри ја смести топката во горниот агол од противничкиот гол.

Естевао беше најопасен во таборот на лондонскиот премиерлигаш,, но „сините“ не успеаја да стигнат до израмнување губејќи го овој пријателски натпревар што се одигра во Хонг Конг.

Се вчитува...