Железничар подобар од Струга на отворањето на интернационалниот струшки турнир

Железничар го совлада новиот македонски суперлига РК Струга со 25-20 во првиот натпревар на 46-то издание на Интернационалниот струшки ракометен турнир.

Во групата во која се уште екипите на Констанца и Алингсас, Железничар од самиот старт наметна поактивен ритам првпат доаѓајќи до позабележителна предност од 6-3, па предноста ја одржуваа се до паузата на која се замина со 14-12 за Железничар.

Во второто полувреме сосема еднаква слика на теренот. Железничар заигра и подобро во одбраната па почна да создава разлика која во еден момент изнесуваше и 25-18. На крајот само за конечни 25-20.

Се вчитува...