Жељко Обрадовиќ повторно е тренер на Панатинаикос по 14 години. Денеска се одржа неговата официјална презентација, на која присуствуваше и сопственикот на клубот, Димитрис Јанакопулос.
На социјалните мрежи се појавија видеа од најголемата грчка сала, на кои може да се види дека многу навивачи дојдоа да го поздрават тренерот со кого Панатинаикос освои пет европски првенства во минатото.
„Беа добри и лесни разговори. Никогаш не ја изгубив врската со семејството Јанакопулос и луѓето во клубот. Ниту пак навивачите. Прво на сите, би сакал да им се заблагодарам за одличниот начин на кој ме пречекаа. Како што реков кога дојдов да го посетам Панатинаикос како тренер на Партизан и Фенербахче, ова е нешто посебно за мене. Отсекогаш сум бил граѓанин на Атина и тоа е навистина големо, големо задоволство за мене и сум благодарен за можноста да бидам во еден од најдобрите клубови во Европа”, рече Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
