Жељко Обрадовиќ уште еднаш покажа колкав е неговиот авторитет… (ВИДЕО)

Тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ уште еднаш покажа огромен авторитет. Освен почитта која ја добива од медиумите, играчите и тренерите на останатите тимови исто така го почитуваат и навивачите.

На вчерашниот меч на Фенер во Евролигата пооделни навивачи вербално се насочија кон клупата која ја предводи Дејан Радоњиќ. Но, Обрадовиќ веднаш реагираше и од групата бесни навивачи на Фенербахче побара да се смират, што овие без приговор и го направија.

На крајот мечот продолжи а Фенербахче славеше против Баерн во Евролигата…

 

Се вчитува...