Партизан помалку неочекувано се мачеше на гостувањето против Задар во 5. коло од регионалната АБА лига, иако на крајот дојдоа некако до победата од 71-75.
Имаа црно-белите многу лоши моменти во текот на натпреварот, а една загубена топка на Вања Маринковиќ и тоа како го налути тренерот Жељко Обрадовиќ. Веднаш повика тајм-аут и во негов стол распали по капитенот на тимот.
Го нема сега Алекса Аврамовиќ, па очигледно Обрадовиќ се најде нова „жртва“ во тимот…
„Зборувам за ова милион пати и пак си играш свој приватен натпревар. Така ти реагираше место да дојдеш тука и да ја додадеш топката. Па, додај ја таа е**на топка“ – викаше Обрадовиќ на Маринковиќ, а потоа само замолкна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА