Жељко во нова офанзива: ПАО тргна по Кампацо

Жељко Обрадовиќ доби највисока плата во историјата на европската кошарка, но и огромен буџет за засилувања со кои најтрофејниот стратег ќе треба да го врати Панатинаикос на врвот на Евролигата.

Веќе се доведени неколку врвни засилувања како Бонга, Јабуселе и Фал, но српскиот стручњак сега бара и врвен плејмејкер како последно парче од „мозаикот“ во грчкиот гигант. И тоа, ни помалку ни повеќе, туку Факундо Кампацо.

Аргентинскиот ас и минатата сезона беше меѓу најдобрите во таборот на Реал Мадрид, но преговорите за продолжување на соработката веќе неколку месеци се стопирани, а кошаркарскиот „волшебник“ има клаузула за излез што ПАО планира да ја искористи. „Зелените“ веќе тргнале во офанзива, воспоставен е првиот контакт, при што на Кампацо му се нудат загарантирани пет милиони евра за две години, плус дополнителна сума ако се активира и третата сезона од договорот.

Аргентинскиот ас заега нема конкретен одговор, но нема дилема дека ако и тој се приклучи на дрим-тимот на ПАО, грчкиот тим ќе го има еден од најмоќните состави во европската кошарка во последните дваесетина години, ако се знае дека од ланскиот ростер останаа и Нан, Хернангомез, Слукас, Лесор, Хејс-Дејвис…

Се вчитува...