Желни за одмазда: „Вардарци“ отпатуваа за Барселона

Експедицијата на Вардар утрово замина за Барселона, каде „црвено-црните“ в сабота ќе бидат гости на каталонскиот гигант во рамките од осмото коло од Лигата на шампионите.

Овие две екипи се сретнаа и изминатиот викенд во Скопје, при што „вардарци“ го претрпеа својот прв домашен пораз сезонава, само мотив повеќе за да се даде се од себе за во Барселона да следи одмазда од страна на македонскиот првак.

Во експедицијата за Барселона се наоѓаат: Дибиров, Војводиќ, Борозан, Дисингер, Скубе, Карачиќ, Криштопанс, Кисељев, Чупиќ, Шишкарев, Поповски, Стоилов, Калараш, Мишевски, Милосављев и Гедбан. Единствена промена во однос на првиот меч е отсуството на повредениот Мораеш, чие место во тимот ќе му припадне на Мишевски.

Екипата ќе има и два тренинга во Барселона, попладнево и утре пред одигрување на средбата во сабота.

Дуелот со Барселона е закажан за в сабота од 19 часот.

Се вчитува...