Жесток напад врз Трент: Тој е неспособен и незначаен…

Реал Мадрид две години флертуваше со Трент Александер Арнолд, на крајот успеа да го убеди како слободен играч да дојде од Ливерпул, но десниот бек е далеку од „засилување од соништата“, како што беше најавен на својот прв ден на „Сантијаго Бернабеу“.

Тој најпрвин се мачеше да добие првотимски статус кај Чаби Алонсо, но на последните средби е стартер (пред се поради повредата на Карвахал) и воопшто не ја оправдува улогата во „кралскиот клуб“. Весникот „Марка“, кој важи за исклучително близок до „кралскиот клуб“, во денешното издание жестоко го нападна Англичанецот, кој поради слабата форма на клупски план го загуби и своето место во националниот тим.

„Неговиот квалитет при изведувањето на прекините е маскиран со десната нога, но кога говориме за отворената игра Трент како да не постои на теренот. Го чекавме да дојде, но сега кога е овде, Трент изгледа како неспособен и безначаен фудбалер. Го гледавме мечот со Џирона, тој со лошо додавање за малку ќе му подареше гол на противникот, а центаршутевите му беа невообичаено непрецизни“, пишува „Марка“ за Англичанецот.

Јасно е дека тренерот Алонсо со нетрпение го очекува враќањето на повредениот Карвахал, по што Трент повторно ќе се пресели на клупата за резерви. Се чини, сосема оправдано…

Се вчитува...