Жесток судир меѓу фудбалерите на Јунајтед на терен: „Замолкни морону еден“

Манчестер јунајтед, и покрај фаворитската улога, не успеа да дојде до победа на синоќешниот натпревар против Кристал Палас. На крајот домашниот тим освои еден бод оддалечувајќи ги „црвените ѓаволи“ од трката за титула.

На теренот беше жестоко и меѓу самите фудбалери на Јунајтед. Дојде до жестока караница меѓу Хери Мегваер и Маркус Рашфорд. Мегваер му приговори на Рашфорд откако во една акција се најде во недозволена ситуација:

„Е.. се. Излези од офсајд“.

Рашфорд на тоа не остана должен, дофрлувајќи му: „Замолкни, еб.. морону еден“.

Јунајтед по 27 кола е на втората позиција на табелата со 51 бода, дури 14 бодови зад градскиот ривал Манчестер сити.

Се вчитува...