Жесток судир на хрватските и шведските навивачи во Ријека (ВИДЕО)

Ријека денеска го пречекува шведскиот Џургарден во второто претколо од Конференциската лига, а во пресрет на натпреварот беа забележани немили сцени во хрватскиот град. Имено, вчеравечер дошло до голем судир на навивачите на двете екипи, а голем е бројот на повредени.

Навивачката група на Ријека, познатата Армада ги нападнала шведските навивачи во кафуле во центарот на градот, а во пресметката користени се и факели.

Се вчитува...