Жестока навреда кон Обрадовиќ: „Ти си најголем лицемер!“

Партизан синоќа дојде до осмата титула во АБА лигата, победувајќи во финалната серија против Будуќност.

Па, Жељко Обрадовиќ стана најтрофеен и во регионалното натпреварување, покрај тој епитет и во Евролигата. Но, не на сите им беше драго што Партизан дојде до трофејот. По мечот се јави фудбалерот на Црвена Звезда, Немања Радоњиќ, кој жестоко го навреди со кратка порака преку социјалните мрежи.

„Ти си најголем лицемер“, напиша Радоњиќ на социјалните мрежи, предизвикувајќи бура од коментари.

Радоњиќ неодамна преку социјалните мрежи го нападна и селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси.

Се вчитува...