Големото финале во Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Арсенал, кое се игра вечерва во Будимпешта, доби увертира со немили сцени и навивачки хаос низ улиците на унгарската престолнина.
Синоќа дојде до жесток меѓусебен судир помеѓу навивачките групи на двата тима. Видеата кои брзо се проширија на социјалните мрежи прикажуваат алармантна состојба со многу запалени факели, фрлање камена и разни тврди предмети.
Иако физичката пресметка изгледаше застрашувачки, првичните извештаи од Будимпешта потврдуваат дека за среќа полицијата спречила поголем инцидент со потешки последици. Безбедносните мерки околу стадионот и во фан-зоните денес се подигнати на највисоко ниво за да се осигура дека вечерва фокусот ќе остане исклучиво на фудбалскиот спектакл.
🚨💥 Clashes in Budapest last night between PSG and Arsenal ahead of today’s Champions League League final! 😳 pic.twitter.com/3LWyRPatD6
— Ultras Clips (@ultras_clips) May 30, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
