Жезус пристигна во Истанбул на потпис со Фенербахче

Поранешниот тренер на Бенфика и Спортинг, Жорге Жезус вчера пристигна во Истанбул каде што денеска треба да биде промовиран во нов тренер на Фенербахче. Португалецот ги договорил сите услови за негов трансфер, а ќе потпише двегодишен договор со гигантот од најголемиот турски град.

Според медиумите во Турција, искусниот 67-годишен стручњак ќе заработува околу 7,5 милиони евра по сезона, вклучувајќи го целиот стручен штаб.

Интересно е тоа што летот од Лисабон до Истанбул на авионот во кој бил Жезус, вчера го следеле околу 6000 фанови на Фенербахчекои со нетрпение ја чекаат новата ера во клубот, со надеж дека ќе се вратат на шампионските патеки.

Жезус покрај Бенфика и Спортинг во минатото ги водеше и Фламенго, Брага, Беленесес, Леириа, Мориенсе, Виторија Гимараеш, Фелгуирас. Тој има загубено две финалиња во Лигата на Европа со Бенфика, а со Спортинг и со Бенфика освојуваше титули во Португалија. Со Фламенго стана шампион на Копа Либертадорес во 2019 година.

Се вчитува...