Жил Бјанки официјално доби улица во Ница (ФОТО)

Беше нарекуван иден шампион во формула 1 од страна на голем број легенди во најбрзиот циркус во светот, а потоа несреќата на Сузука му го одзема животот на Жил Бјанки. Поради тежината на повредата, Французиниот беше во кома речиси десет месеци, а потоа почина во болница во Ница. Денес неговиот роден град одлучи да му оддаде почит со преименување на улица во негова чест.

Улицата се наоѓа во близина на фудбалскиот стадион „Алијанц Ривиера“. На церемонијата присуствуваше неговиот татко Филипе кој им се заблагодари на тамошните власти за потегот.

„Жил обожаваше фудбал. Почестени сме со локацијата на улицата, во толку динамична зона, полна со надеж.. Потсетува на него“ – емотивно истакна Филипе Бјанки.

nica bjanki

Се вчитува...