Жиру мајсторски го совлада Чех за водство на Челси (ВИДЕО)

Францускиот интернационалец Оливие Жиру му донесе водство на Челси во финалето на Лигата на Европа. Тој во 49.минута на мајсторски начин го совлада Петр Чех со удар со глава и му донесе водство на составот на Маурицио Сари против Арсенал.

Ова е 11.гол за Жиру во Лигата на Европа оваа сезона, со што го урна 60 години стариот рекорд на Жист Фонтен. Во историјата на Лигата на Европа, единствено Радамел Фалкао има подобар ефект (17 и 12 гола).

 

Се вчитува...