Жиру „воскресна“ во Милан

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру, кој има 35 години доживува вистинска преродба во тимот на Милан. Французинот го постигна својот деветти гол сезонава во првенството, постигнувајќи гол за 1-1 во победата од 2-1 над Лацио во 34. коло од Серија А.

Последен пат Жиру постигна повеќе од девет гола во една сезона за време на неговиот престој во Арсенал во сезоната 2016/2017 година, кога постигна 12 гола.

Медиумите од Италија се фасцинирани од Французинот, за кој велат дека „воскресна“ откако од Челси во 2021 се пресели во Милан. Тој досега има запишано 34 настапи на сите турнири во Милано, од кои пет во Лигата на шампионите, со вкупно 12 гола и три асистенции.

Инаку, Милан води во Серија „А“ со 74 бодови, а до крајот на сезоната битката со Интер за титулата ќе биде крајно неизвесна.

Се вчитува...