„Жителите и животните се на сигурно, но што е со нас?“

Не сопираат критиките упатени кон организаторите на Австралија опен, откако голем број тенисери во квалификациите се пожалија на тешките услови за игра кои се предизвикани од отровните честички во воздухот, од пожарите кои ја зафатија земјата. Британскиот тенисер, Лиам Броуди кој настапот на отвореното првенство на Австралија го заврши во првото коло од квалификациите, остро ги нападна организаторите на првиот грен-слем во сезоната.

„Е-маил-от кој го добивме од организаторот е како шамар во лице. Велат дека условите за игра беа задоволителни. Па тие сигурно се шалат? Австралиските власти преку медиумите ги предупредија граѓаните да не ги напуштаат домовите, а вие викате дека има услови за игра. Мора да има синдикат на тенисери, бидејќи ние немаме никаква заштита“, изјави Броуди. 

Првиот грен-слем во сезоната почнува во понеделник, а титулите од минатата година ги бранат Новак Ѓоковиќ и Наоми Осака.

Се вчитува...