Живко Мукаетов: Можеби е време друга личност да ја преземе раководната функција во РФМ!

Првиот човек на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, во интервју за ЕКИПА најавува дека е подготвен да ја препушти раководната функција во „куќата на ракометот“ на друга личност, која би имала визија и стратегија за натамошен развој на овој спорт.

Мукаетов, кој трет мандат крајно успешно ја води Ракометната Федерација на Македонија, најавува дека ќе продолжи да дава свој придонес за развојот на мак-ракометот, но овојпат од аспект на спонзор на ракометниот клуб Алкалоид.

„Од моја страна, после девет години инвестирани ресурси, знаење и енергија, можеби е време раководната позиција во РФМ да ја превземе личност која ќе има желба, визија и стратегија и понатаму квалитетно да го развива македонскиот ракомет, а убеден сум дека таква личност во управниот одбор на Федерацијата има. Од позиција на компанија покровител на ракометниот клуб „Алкалоид“, јас секако, со истиот ентузијазам, активно ќе продолжам да придонесувам за развој на македонскиот национален спорт број 1“, изјави Мукаетов во интервјуто за ЕКИПА.

Изјавата на Живко Мукаетов e дел од ексклузивното интервју на претседателот на РФМ по повод десетгодишнината на ЕКИПА.мк и признанието што тој го доби за несебичен придонес за развој на македонскиот спорт.

Целосното интервју на Живко Мукаетов ќе можете да го прочитате на ЕКИПА во текот на утрешниот ден.

Се вчитува...